Ривалите од Севиља одиграа без победник во мечот од 13.коло во шпанската Ла Лига. Севиља и Бетис си ги поделија бодовите исто како и претходните два меча во првенството.
Бељерин постигна гол во 15. минута за Бетис но беше поништен поради офсајд. Сепак, „зелено-белите“ дојдоа во предност во 72 минута со гол на Ајоз Перез.
Изедначи Иван Ракитиќ со супер погодок од преку 25 метри во 79 минута од мечот.
На крајот само поделба на бодовите, а Бетис има 21 и е на седмото место, додека Севиља е на 13-тото место со 12 бода и пет ремија по ред.
Ivan Rakitić ! What a strike!
Sevilla 1-1 Real Betispic.twitter.com/tGmpOX3u5S
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023