Полувреме: Убав фудбал и 2:1 за Силекс во Кратово, во Ѓорче без голови! (ВИДЕО)

350

Дербито на 14.коло во сите елементи ги оправдува очекувањата. Убав фудбал во Кратово, Силекс и Шкупи се надигруваат, по првите 45.минути резултатот е 2:1. Гостите преку Трапановски во 12.минута поведоа, топката го удри Николиќ и заврши во мрежата на Андов.

 

Токму Николиќ шест минути подоцна убаво се снајде пред голот на чаирчани и со убав гол го израмни резултатот на 1:1. Во 42.минута пресврт, Каланоски со убав шут со глава го совлада Илјази за водство од 2:1 за Силекс.

 

Кога сме кај шансите за домашните Зајиќ можеше и мораше да постигне гол, додека Кука и Пинтер кај гостите беа во изгледни шанси.

По првиот дел на вториот денешен меч од ова 14.коло, останатите се играа вчера, во Ѓорче каде што играат Македонија ЃП и Работнички, резултатот е оној почетниот 0:0.

ПретходноЛиверпул во Бразил договара нов централен бек
СледноРоџерс застана против ВАР: Тоа ја уништува играта, ова веќе не е фудбал