Почнува Финалниот АТП турнир: Новак може да испише нови рекорди

230

Денска започнува Финалниот АТП турнир во Торино. Српскиот ас Новак Ѓоковиќ како прв фаворит ќе има можност да собори нови рекорди во својата богата кариера. Најдобриот светски тенисер ќе се обиде да го освои Завршниот турнир по рекорден седмипат, но и да ја заврши годината на врвот на АТП листата по осмипат во кариерата.

Најдобриот тенисер во историјата има многу мотиви за уште еден голем успех, кој може да се смета за историски од повеќе агли. Новак со нова титула во Торино би станал првиот тенисер во историјата кој по седмипат во кариерата триумфирал на завршниот турнир во сезоната. Од активните тенисери, Александар Зверев двапати го освои Завршниот турнир, а по една титула имаат Енди Мареј, Григор Димитров, Стефанос Циципас и Данил Медведев.

Новак е дел од Зелената група заедно со Холгер Руне, Јаник Синер или Стефанос Циципас. Единствен вистински ривал во борбата за првото место на крајот на годината ќе му биде Карлос Алкараз, кој за ривали во Црвената група ќе ги има Александар Зверев, Андреј Рубљев и Данило Медведев.

ПретходноСтрумица лесно ја мина и Шкендија, драмата во пет сета за Работнички
СледноЛиверпул во Бразил договара нов централен бек