Кризата во Наполи денеска на мечот со Емполи од 12. коло на италијанската Серија А само се продлабочи. Руди Гарсија не само што не успеа да слави, туку и дозволи да биде поразен на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол со 0:1 со што дополнително си ја закомпликува ситуацијата на клупата и сега веќе сериозно му се заканува отказ.
Елиф Елмас го почна мечот од првата минута, но беше заменет по неполни десетина минути во второто полувреме. Одлуката за победниот по неколку пропуштени шанси и на двете страни дојде во 91. минута, кога Коваленко успеа да го совлада домашниот голман и да му ја донесе на Емполи третата победа оваа сезона.
Наполи е четврти со осум бода негатива во однос на лидерот Јувентус.