Попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, нашите најдодбри фудбалери го одработија првиот тренинг во пресрет на натпреварите со Италија и Англија оој месец, последни во квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024.
Убава работна атмосфера, а играчите беа задоволни зошто селекторот Благоја Милевски е насмеан, барем во одредени моменти.
Којзнае, дали смислил некое “тајно оружје“ со кое одново ќе ја изненадиме Италија и ќе одиграме квалитетно со Англија, допрва ќе видиме.
Инаку како што веќе информиравме, на првиот тренинг ги немаше Елиф Елмас и Александар Трајковски кои допрва ќе се приклучат.