Милан го загуби Леао за најважниот меч од Лигата на шампионите

258

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао ќе остане надвор од терените најмалку 20 дена по последната повреда заработена минатиов викенд. Тоа значи дека Леао најверојатно нема да биде достапен за клучниот натпревар на Милан во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Португалската ѕвезда има лезијата од прв степен на неговиот десен феморален бицепс. Тоа ќе мора да се реши со мирување во период и до три недели.

Леао сигурно ќе го прескокне и следниот домашен натпревар на Милан против Фиорентина закажан на 25 септември, а многу е малку веројатно дека 24-годишниот фудбалер ќе биде достапен и за домашниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд три дена подоцна.

ПретходноХамза Рамани: Време е да се вратиме на победите и добрите игри!
СледноТрето коло од „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ на 2WIN.MK