Пикси: Од први јануари сум слободен, можам да преговарам со други тимови!

4359

Србија во среда (15.11) во Брисел ќе одигра пријателски натпревар со Белгија, а во недела (19.11) во Лесковац ќе следи решавачкиот натпревар против Бугарија во Лесковац во рамките на евро-квалификациите.

Предводникот на српската репрезентација покрај редовните информации, Драган Стојаковиќ Пикси на прес-конференција објасни дека неговиот договор трае само до крајот на оваа година и дека автоматски ќе биде продолжен доколку Србија се квалификува, но и дека тоа не е ништо долгорочно и дека од 1 јануари може да преговара со друга екипа.

„Мојот договор е до 31 декември, во случај да се пласираме на ЕП – автоматски се продолжува до крајот на тој шампионат. Дали сум зборувал со некој за тоа? Јас не. Ниту е моментот за разговор, па никој не треба да се грижи за мојот статус во репрезентацијата. Ќе бидам селектор и ќе продолжам да ја работам својата работа и да ја водам Србија на ЕП. Па, сега ја имате и другата страна, дека од 1 јануари практично сум слободен агент и можам да преговарам за мојата иднина бидејќи правилата на ФИФА ми го дозволуваат тоа“, рече Пикси. 

ПретходноАлександар Јовиќ е нов тренер на Пролет
СледноЛегендарниот Шпанец стана тренер на клуб во кој е косопственик!