Седлоски и Работнички се договорија, следи промоција!

1082

Во текот на денешниот ден се очекува Работнички да го потврди Гоце Седлоски за нов шеф на стручниот штаб на „црвено-белите“ од  Дебар Маало. Со тоа ќе биде решен проблемот кај „романтичарите“ кои десетина дена беа во потрага по звучно и докажано тренерско име, кое се вклопува во нивните амбиции од следната сезона.

„СпортСпорт“ дознава дека Гоце Седлоски и Работнички се договориле уште пред неколку дена, а тренерот барал да почне со работа за време на репрезентативната пауза. Во тоа време клубот загуби од Шкупи во Купот на Македонија, а вчера славеше кај Македонија Ѓ.П.

Новите газди на Работнички се надеваат дека со трофејниот Седлоски нивниот клуб ќе успее да се врати на старите патеки и дека тренерот кој освојуваше титули со Вардар и Шкупи ќе успее да го врати пехарот во „Градски парк“.

Со Гоце Седлоски во пакет доаѓа и нов стручен штаб, откако клубот пред две недели му врачи отказ на Милан Илиевски.

ПретходноКалин обезбеди место на главниот турнир во Кобе
СледноНоле повторно испиша историја: 400 недели прв на АТП листата!