Алим Насуфи е победник на „Златниот Гонг“

198

Македонскиот боксер Алим Насуфи го освои „Златниот гонг“ на најновото издание на традиционалната боксерска ревија, која минатиот викенд се одржа во Скопје. Насуфи славеше во финалето во категоријата до 71 килограм, победувајќи го со 3-2 српскиот боксер Игор Рогиќ.

Петар Арсовски е прогласен за најдобар македонски боксер. Годинава на 52. издание на „Златниот Гонг“ имаше одлична конкуренција и силни финални дуели. Оваа година, учествуваа 14 репрезентации и околу 60 боксери од Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.

ПретходноРепрезентацијата се собра во Скопје пред супер-двомечот со Италија и Англија (ФОТО)
СледноМаљковиќ: Никогаш не е лесно да играш против Македонија