„Аѕурите“ го одработија првиот тренинг, Спалети има проблеми со повреди, утре ќе има дополнителни повици!

198

Како и нашата репрезентација, така и онаа на Италија со која в петок во Рим со почеток од 20:45 часот на “Олимпико“, се среќаваме во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024, го одработи попладнево својот прв тренинг.

Во базата во Коверчано денеска беше живо. Се собраа „аѕурите“, потоа и тренираа, а селекторот Лучиано Спалети имаше прес – конференција.

Кажа дека поради повреда ќе мора против Македонија без ѕвездата на Јуве, Мануел Локатели.

Инаку на повреди се пожалиле и Жоржињо, Камбијасо, Кристанте. Ќе се следи нивната состојба, но утре како што најави Спалети ќе има допополнителни повици.

Инаку мечот со Македонија за Италија е од пресудно значење. Во случај на пораз од нашите момци или реми, тогаш „Аѕурите“ ако сакаат да бидат втори во групата ќе мора да слават на гости на мечот со Украина кој се игра на 20 ноември во Леверкузен.

ПретходноАтрактивно ја заби топката преку Шариќ, па заработи техничка грешка (ВИДЕО)
СледноСтрумичанки убедливо славеа на гостувањето во Штип