Белингем денеска ќе и се приклучи на репрезентацијата, но сигурно нема да игра во Скопје

163

Џуд Белингем денеска треба да се појави во репрезентацијата на Англија на најавениот собир пред последните два меча во квалификациите за ЕП 2024, но нема шанси да игра против Малта и Македонија. Како што потврдија од неговиот клуб Реал (М), тој ќе патува за Англија, но веднаш ќе се врати назад во Шпанија за да ја продолжи рехабилитацијата по повредата на рамото.

Белингем беше повикан за последните натпревари на „Гордиот Албион“, но ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид, откако се повреди против Рајо Ваљекано минатата недела. Тренрот на Реал, Карло Анчелоти го остави Белингем надвор од натпреварите со Брага и Валенсија и самит пред новинарите најави дека Белингем нема шанси да игра за репрезентацијата.

„Тој ќе оди во Англија за да биде констатирана повредата, но очекувам брзо да се врати во Шпанија. Ако не играше денес, не може да игра и за Англија. Мора да направи конкретна работа за да го засили рамото и тоа ќе го направи во наредните недели. По репрезентативната пауза мислам дека ќе може повторно да игра“, изјави Анчелоти по победата над Валенсија.

ПретходноЛина направи скок од 11 места на новата ВТА листа
СледноЗавршница на новото коло: Денеска двојна одбојкарска програма во Штип