Калин обезбеди место на главниот турнир во Кобе

129

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира на главниот турнир на Челинџер75 во Кобе, Јапонија што се игра за награден фонд од 80.000 долари. Тој во финалниот меч од квалификациите го победи домашниот тенисер Џејмс Тротер со 2-1 во сетови (57 76(5) 64). Мечот траеше 2 часа и 41 минута, а двајцата тенисери имаа по еден брејк: Тротер во првиот сет, а Ивановски во третиот сет, па така клучен за победата беше вториот сет што македонскиот тенисер го доби во тај брејкот.

Во текот на денот Ивановски ќе го дознае и противникот на главниот турнир.

ПретходноЃоковиќ со победа го почна Финалниот АТП турнир во Торино
СледноСедлоски и Работнички се договорија, следи промоција!