Македонскиот вицепрвак се враќа на европската сцена. Алкалоид по две кола во својата дебитанска сезона во Европската лига има реми (против исусната Ла Риоха) и пораз (од лидерот Војводина).
Нов предизвик за избраниците на Кирил Лазаров е дански Силкеборг. Станува збор за тим кој го врати во својата земја Расмус Лауге, играч од светска класа, а исто од звучните имиња е Рене Тофт Хансен.
„Самото име на противникот и државата од која што доаѓа кажува за квалитетот. Данска екипа која изборува пласман во Европа, знаеме дека нивната лига е меѓу трите најдобри во Европа. Инвестициите кои ги направија во последните неколкуте години е Лауге, кој беше член на Веспрем и нивни капитен. Ќе имаме сериозен противник, мора да бидеме на високо ниво за да бидеме конкутентни со млад и неискусна екипа во европски рамки.
Како поминува времето, таа почетна трема ја надминуваме, веќе на вториот натпревар против Ла Риоха демонстриравме поквалитетен натпревар, бевме во мал грч.
Се надевам дека утре ќе играме опуштено, квалитетно. Денеска останува да ги завршиме сите подготовки.
Ние сме две екипи кои негуваат модерен ракомет, ја повикувам публиката да дојде да ги поддржи момците на овој меч и да ужива во играта.
Фавортиската улога ја препуштам на Силкеборг, тоа е реалноста, тие самите најавија дека се фаворити, ние ќе чекаме да нис е укаже шанса, ќе пробаме да дојдеме со една квалитетна игра до позитивен резултат доколку ни се овозможи тоа“, изјави Лазаров.
Мечот се игра утре во 18:45 часот во СЦ Јане Сандански, билети се уште се во продажба.