Легендарниот Шпанец стана тренер на клуб во кој е косопственик!

476

Легендарниот Шпанец Сеск Фабрегас ќе се проба како фудбалски тренер. Тој е назначен за шеф на стручниот штаб на членот на Серија Б, Комо.

Интересно, поранешниот шпански фудбалер кариерата ја заврши во Комо, чиј косопственик е, а сега ќе го води овој тим.

Одборот му ја даде довербата на 36-годишниот играч откако Морено Лонго беше отпуштен, иако Комо моментално е шести во Серија Б со 21 поен од 12 натпревари.

Фабрегас како фудбалер освои европски и светски шампионски титули со репрезентацијата на Шпанија.

ПретходноПикси: Од први јануари сум слободен, можам да преговарам со други тимови!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Валенти “полета“ од радост!