Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Хјустон Рокетс со 107:104, во натпревар во кој српскиот кошаркар Никола Јокиќ го забележа 109. трипл-дабл во кариерата.
Јокиќ одигра одличен натпревар, но клупата беше многу лоша и Хјустон на крајот сосема заслужено и се радувае на победата. Ваквата игра на Денвер би била доволна за победа против повеќето тимови во НБА, но Хјустон игра одлично и веројатно е најпријатното изненадување во сезоната.
Јокиќ го заврши натпреварот со 36 поени, 21 скок и 11 асистенции, шутираше 13/26 од поле, а додека беше во игра тимот имаше 11 поени предност, но тоа не беше доволно.
Двоцифрени кај Денвер беа и Портер со 25, Гордон со 16 и Џексон со 14 поени. Победникот го предводеше Ванвлит со 26 поени, Шенгун постигна 23 поени, а Џеф Грин постигна 15 поени.
Кошаркарите на Мајами ја продолжија победничката серија на пет натпревари, совладувајќи го Сан Антонио со 118:113. Данкан Робинсон постигна 26 поени за победничкиот тим, а го следеше Бам Адебајо со 24 поени и 11 скока. Кошаркарите на Филаделфија ја забележаа осмата победа во низа бидејќи славеа против Индијана со 137:126 со рекордни 50 поени на Тајрис Макси, додека шестиот последователен триумф го забележа Минесота која беше подобра од Голден Стејт со 117:110.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Индијана 137:126
Чикаго – Детроит 119:108
Хјустон – Денвер 107:104
Њу Орлеанс – Далас 124:136
Сан Антонио – Мајами 113:118
Феникс – Оклахома 99:111
Голден Стејт – Минесота 110:116
ЛА Лејкерс – Портланд 116:110
Њујорк – Шарлот 129:107
Бруклин – Вашингтон 102:94
ЛА Клиперс – Мемфис 101:105