По откажувањата на Медисон, Данк и Вилсон: Англија со три нови имиња ќе допатува во Скопје

428

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт дополнително во репрезентацијата ги повика Кол Палмер од Челзи, Рико Луис од Манчестер Сити и Езри Конса од Астон Вила за престојните завршни квалификациски дуели со Малта и Македонија.

Реконструкцијата доаѓа откако почетниот тим на Саутгејт беше погоден со серија повреди. Џејмс Медисон, Луис Данк и Калум Вилсон беа принудени да се повлечат од тимот, а можно е да има и нови откажувања по првиот собир. На нивно место се повикани Палмер, Луис и Конса, кои се подготвени да дебитираат за својата земја.

Повикот на Палмер доаѓа помалку од 24 часа откако тој одигра главна улога во воодушевувачкото реми на Челзи со Манчестер Сити 4-4. 18-годишниот Луис, десен бек кој често играше во средниот ред за Сити, имаше десет настапи оваа сезона за тимот на Пеп Гвардиола. На Луис во одбраната ќе му се придружи Конса, кој го одигра комплетно сите мечеви за Астон Вила оваа сезона.

ПретходноЏонов: Силкеборг е типична скандинавска екипа и за нас ќе биде голем предизвик
СледноКлоп: Кој нормален го закажа дербито со Манчестер Сити во сабота во 13:30?