Столе Димитриевски: Против Италија и Англија треба да уживаме, да ги чекаме нашите шанси

1043

Македонската фудбалска репрезентација денеска и официјално стартува со мини-подготовките за квалификациските дуели против Италија и Англија за пласман на ЕП 2024 година.

Благоја Милевски и неговите избраниците се пред нова тешка задача, играат против Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември).

Чуварот на мрежата на националниот тим, Столе Димитриевски кој е во одлична форма, очекува максимална игра и на двете средби.

„Имаме два тешки натпревари, но ќе го дадеме нашиот максимум како и секогаш. И на двете средби против Италија и против Англија треба да уживаме, и да видиме до каде се нашите сили против вакви противнции.

Добро знаеме која е Италија, имаме добри резултати во последните натпревари, па затоа очекувам и се надевам дека ќе го дадеме максимумот и ќе дојдеме до позитивен резултат“, вели искусниот голман.

Македонија против Англија на првата средба на гостински терен беше убедливо совладана со 7-0.

„Првиот меч против Англија беше нереална слика за нас и за нашите можности. Навистина беше тешко да се биде компететивен. Сега имаме нова шанса да се покажеме во вистинско светло“.

Македонија по шест одиграни кола има скор од две победи, реми и три порази, се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Ц зад Италија, која има десет бода, три повеќе од „црвено-жолтите“.

ПретходноМаљковиќ: Никогаш не е лесно да играш против Македонија
СледноХамза Рамани: Време е да се вратиме на победите и добрите игри!