Одбојкарките на Струмица ја продолжија победничката серија од почетокот на сезоната во домашната прволигашка конкуренција. Во последниот меч од 5. коло вечерва во Штип, струмичанки како гости, обезбедија максимална победа над екипата на Младост УДГ од 0:3 (20:25, 13:25, 17:25). Новајлијата во прволигашкото друштво, Младост УДГ покажа дека не случајно е дел од елитата, па во следните кола ќе се обиде да ја надгради формата во битка за нови бодови. Струмица со оваа петта победа останува рамо до рамо со градските ривалки Наковски Волеј на првите две места на табелата.