Конечно. По цели 79 дена, по серија од 9 средби без победа, конечно и Брера Струмица победи. И тоа против најдобриот тим во ПМФЛ, против шампионот, против Струга ТЛ. Добра игра на струмичани, триумф од 2:1 и се разбира големи три бода.
Токму затоа Џовани Валенти по последниот свиреж на судијата на средбата со Струга ТЛ, како да “полета“ од радост, од еуфорија. Не му беше лесно цели три месеци без победа на Италијанецот, но еве сега се поинаку, полесно се дише.
Токму затоа неговата еуфорична радост според „СпортСпорт“ е фото на колото, без никаква конкуренција.