Со победата над Холгер Руне на стартот на Завршниот АТП турнир во Торино, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на годината ќе остане прв на АТП-листата и ќе стане првиот кој поминал повеќе од 400 недели на тоа место.
Карлос Алкараз по лошата азиска турнеја нема математички шанси да го престигне Новак. Шпанецот денеска во првото коло од втората група ќе го одигра мечот со Александар Зверев од Германија, додека во втората пресметка ќе се сретнат Русите, Рубљев и Медведев.