Ѓоковиќ со победа го почна Финалниот АТП турнир во Торино

297

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Данецот Холгер Руне со 2:1 (7:6, 6:7, 6:3) во првиот меч во Зелената група на Завршниот турнир од сезоната во Торино.

Руне и Ѓоковиќ повторно одиграа одличен натпревар. Во првиот и вториот сет одлучуваа нијанси, додека во третиот Ѓоковиќ покажа поголема физичка и психичка издржливост. Најдобриот светски тенисер ја забележа 15-та победа во низа на отворањето на Завршниот турнир.

Пред почетокот на турнирот во Торино, на Ѓоковиќ му требаше само една победа за да го обезбеди првото место на крајот од сезоната.

Мечот меѓу двајца тенисери траеше три часа и шест минути.

ПретходноНиту новиот „трипл-дабл“ на Јокиќ не го спречи Хјустон да слави, победничка низа на Мајами (ВИДЕО)
СледноКалин обезбеди место на главниот турнир во Кобе