Џонов: Силкеборг е типична скандинавска екипа и за нас ќе биде голем предизвик

120

Македонскиот вицешампион Алкалоид утре го очекува нов предизвик во ЕХФ Европската лига. Младите ракометари во тимот на Лазаров собираат искуство од овие натпревари и се обидуваат да ја искористат секоја минута на теренот за што подобар настап.

Иван Џонов на прес-конференцијата пред мечот, зборуваше за очекувањата од дуелот со скандинавците и ја повика публиката во што поголем број да дојде на утрешниот меч.

„Силкеборг е тим од млади играчи, потполнета со неколку ѕвезди. Типично скандинавска екипа која игра брз и дниманичен ракомет, а акцент става на брза транзиција. Тоа за нас ќе биде наголем предизвик. Тактички сме подготовени, доколку го испочитуваме она што ни е зададено ќе дојдеме до позитивен резултат. Ја повикувам публиката да дојде да не поддржиме“, вели Џонов.

Средбата утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

ПретходноЛазаров: Фаворитската улога ја препуштаме на Силкеборг, ние ќе бараме шанса за изненадување!
СледноПо откажувањата на Медисон, Данк и Вилсон: Англија со три нови имиња ќе допатува во Скопје