Голден Стејт на домашен терен беше совладан од Минесота со 116-110. Во центарот на вниманието на оваа средба се најде Ентони Едвардс. Покрај 33 поени, тој доби и техничка грешка. Причината за ова е неговото забивање преку Шариќ. Откако го стори тоа Едвардс го прослави потегот покажувајќи ги мускулите кон Шариќ, за што беше казнет од страна на судиите.