Џуд Белингем денеска треба да се појави во репрезентацијата на Англија на најавениот собир пред последните два меча во квалификациите за ЕП 2024, но нема шанси да игра против Малта и Македонија. Како што потврдија од неговиот клуб Реал (М), тој ќе патува за Англија, но веднаш ќе се врати назад во Шпанија за да ја продолжи рехабилитацијата по повредата на рамото.
Белингем беше повикан за последните натпревари на „Гордиот Албион“, но ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид, откако се повреди против Рајо Ваљекано минатата недела. Тренрот на Реал, Карло Анчелоти го остави Белингем надвор од натпреварите со Брага и Валенсија и самит пред новинарите најави дека Белингем нема шанси да игра за репрезентацијата.
„Тој ќе оди во Англија за да биде констатирана повредата, но очекувам брзо да се врати во Шпанија. Ако не играше денес, не може да игра и за Англија. Мора да направи конкретна работа за да го засили рамото и тоа ќе го направи во наредните недели. По репрезентативната пауза мислам дека ќе може повторно да игра“, изјави Анчелоти по победата над Валенсија.