Започна “операцијата Италија и Англија“, на првиот тренинг без Елмас и Трајковски!

548

Денеска и официјално нашите најдобри фудбалери ги стартуваа подготовките за двата последни квалификациски меча со Италија (17.11) во Рим, и со Англија (20.11) во Скопје. По денешниот собир, попладнево нашите национали предводени од селекторот Благоја Милевски ги одработија и првиот тренинг на теренот на ФФМ во Скопје.

Од она што можеше да се забележи, ги немаше Елиф Елмас и Александар Трајковски, кои подоцна ќе се приклучат. Секако дека треба да се види и од каков вид е повредата на Алекс, кој не настапи на вчерашниот меч за својот Хајдук поради болки во листот.

Се разбира дека сите ние очекуваме на овие два супер – меча со последните финалисти на ЕП, нашите момци да го искажат сиот свој потенцијал.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Јашароски сам го победи Вардар
СледноТренерот на Силкеборг: Алкалоид е брз, мора да најдеме начин да го затвориме!