Наполи на итен состанок: Понуда за Тудор на 1+1 година

214

Италијанските медиуми за денеска најавуваат итен состанок на управата на Наполи на кој треба да се донесе одлука за новото тренерско име. Веќе е јасно дека Руди Гарсија ќе биде отпуштен, но прашање е кој ќе биде неговата замена.

Раководството на Наполи и сопственикот Аурелио Де Лаурентис денеска имаат заеднички состанок со една тема. На него ќе бидат присутни и Кјавели, Мелусо и Микели, меѓу луѓето сочинуваат дел од управата на наполитанскиот состав. Во оваа фаза, италијанските медиуми тврдат дека единствен вистински кандидат за наследник на Руди Гарсија е Игор Тудор.

Наводно, агентот на Тудор бил контактиран веднаш по вчерашниот пораз од Емполи.

Последната понуда до Тудор е договор на 1+1 година. Втората година ќе биде поврзана со Лигата на шампионите.

ПретходноНоле повторно испиша историја: 400 недели прв на АТП листата!
СледноЛина направи скок од 11 места на новата ВТА листа