Струмичанки убедливо славеа на гостувањето во Штип

208

Одбојкарките на Струмица ја продолжија победничката серија од почетокот на сезоната во домашната прволигашка конкуренција. Во последниот меч од 5. коло вечерва во Штип, струмичанки како гости, обезбедија максимална победа над екипата на Младост УДГ од 0:3 (20:25, 13:25, 17:25). Новајлијата во прволигашкото друштво, Младост УДГ покажа дека не случајно е дел од елитата, па во следните кола ќе се обиде да ја надгради формата во битка за нови бодови. Струмица со оваа петта победа останува рамо до рамо со градските ривалки Наковски Волеј на првите две места на табелата.

Претходно„Аѕурите“ го одработија првиот тренинг, Спалети има проблеми со повреди, утре ќе има дополнителни повици!
СледноФановите се шокирани: Нејмар се пофали со новиот имиџ! (ФОТО)