ТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Јашароски сам го победи Вардар

270

Ален Јашароски секако дека е играч на 14.коло. Напаѓачот на Воска речиси сам го победи Вардар. Му “стегна“ два гола на домашниот состав на мечот на Маџари и му донесе триумф од 1:2 на својот тим од Охрид.Интересно, на првиот меч меѓу овие две екипи во Охрид во август, Ален му даде три гола на Вардар за тие 3:2. Мерак му е само на Вардар голови да му дава.

Во идеалниот тим на 14.коло според „СпортСпорт“ тука се и Алексовски, Белица, Гандо (Работнички), Јанкулов, Рибаудо (Брера), Николиќ, Шуберт, Каланоски (Силекс), Дита (Шкендија) и Атиемвен (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЛЕН ЈАШАРОСКИ

Тим: Воска Спорт

Роден: 06.11.1991 во Скопје

Кариера: Металург, Скопје, Хоризонт Т, Еуромилк, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Приштина (КОС), Ренова, Скопје, Воска

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)
СледноЗапочна “операцијата Италија и Англија“, на првиот тренинг без Елмас и Трајковски!