Кога ќе го победиш лидерот, кога ќе му го нанесеш првиот пораз на стратегот на Шкупи, а и кога твоите момци ќе го одиграат веројатно најдобриот меч оваа сезона, тогаш нема никаков проблем да бидеш тренер на 14.коло во ПМФЛ, барем според “СпортСпорт“.
Секако дека тука мислиме на Горазд Михаилов, шефот на стручниот штаб на Силекс. Тренер кој со Силекс и оваа сезона е во ТОП 4 екипи во ПМФЛ.
Секоја чест, Горазд си ја знае својата работа.
Само да потсетиме, пред назначувањето на Младен Жижовиќ за тренер на Шкупи, токму Горазд Михаилов беше најсериозниот кандидат за тоа место.