Англија без Белингем против Македонија

124

Англиската репрезентација без двајца фудбалери ќе настапи на мечот со Македонија во Скопје (20 ноември) во рамките на квалификациите за ЕП 2024. За „Гордиот Албион“ нема да настапи младиот фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингем. Покрај него вон стројот е и фудбалерот на Челзи, Леви Колвил.

Причината е повреда и тие се испратени во Англија на рехабилитација.

Покрај нив двајца Англичаните на мечевите со Малта и Македонија ќе игра без Медисон, Вилсон, Данк. Селекторот Герет Саутгејт ги замени овие отсутни со Езри Конса, Рико Луис и Кол Палмер.

 

 

ПретходноСтруга ТЛ со неверојатен скок од 89 места на УЕФА ранг листата, Шкендија и натаму наш најдобро рангиран клуб! (ФОТО)
СледноБомба од Битола: Кузмановски е нов член на Пелистер!