Баерн 31 година по ред ја завршува финансиската година со профит

484

Баерн Минхен 31 година по ред ја завршува финансиската година со профит, рекорд во светот на фудбалот. Прометот на клубот од Минхен за годината се зголеми од 665,7 милиони евра на рекордни 854,2 милиони евра. Капиталот на „Баварците“ се зголемил на 536,5 милиони евра. Добивката на клубот пред оданочување изнесува 54,5 милиони евра, нето добивката е 35,7 милиони евра.

Според „Форбс“, вредноста на Баерн е 4,53 милијарди долари, највисок од сите германски клубови и шести во светот.

ПретходноЕП до 22: Исени го победи Гркот Цамалидис и се пласира во полуфиналето! (ВИДЕО)
СледноБојан Миовски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Италија!