Феликс Цваер, еден од најдобрите германски судии и еден од најдобрите во Европа, е одреден да ја дели правдата на петочниот меч меѓу Италија и Македонија на “Олимпико“ во Рим.
Интересно, Цваер требаше да им суди на двете селекции во Скопје во септември, но во последен момент место него делегиран беше францускиот судија Франсоа Летисие.
Очигледно е дека Цваер како да не може да “побегне“ од тоа да им суди на двете селекции.
Инаку Цваер е роден во Берлин во 1981 година, постојано суди на европската сцена во ЛШ, во Бундеслигата и квалификациите за ЕВРО 2024.
Него ќе му помагаат Стефан Луп, Марко Ахмулер и Патрик Итрих, исто од Германија.
ФОТО: Twitter