Дански предизвик за Алкалоид во Европската лига

82

Македонскиот вицепрвак, Алкалоид вечерва (18:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува дански Силкеборг во рамките на третото коло во Европската лига. За избраниците на Кирил Лазаров ова е втор меч на домашен терен во силното европско клупско натпреварување.

Како дебитанти во елитното друштво ракометарите на Алкалоид во минатото коло испишаа историја, го освоија првиот бод, откако на гостувањето кај Ла Риоха одиграа без победник.

Секој меч во Европската лига е поинаква приказна, противниците негуваат различен стил на игра. Дански Силкеборг, негува брз и модерен ракомет, нешто што Лазаров го спроведува од стартот како тренер на Алкалоид, и во македонската репрезентација.

Фаворитската улога ја имаат гостите, кои во составот имаат млади ракометари, но и една данска мега ѕвезда како што е Расмус Лауге, ракометарот кој и даде 10 гола на Франција во финалето на СП 2023. Покрај него во Силкеборг игра и Рене Тофт Хансен.

Иако данскиот тим има големо исуство и доаѓа од земјата каде ракометот е на врвот долго време, сепак Лазаров потенцира дека трпеливо ќе ја чекаат својата шанса, доколку се укаже ќе ја зграбат.

„Се надевам дека утре ќе играме опуштено, квалитетно. Ние сме две екипи кои негуваат модерен ракомет, ја повикувам публиката да дојде да ги поддржи момците на овој меч и да ужива во играта. 

Фавортиската улога ја препуштам на Силкеборг, тоа е реалноста, тие самите најавија дека се фаворити, ние ќе чекаме да нис е укаже шанса, ќе пробаме да дојдеме со една квалитетна игра до позитивен резултат доколку ни се овозможи тоа“, изјави Лазаров на вчерашната прес-конференција. 

ПретходноРустемовски и Исени во четвртфинале на младинското ЕП во Будва
СледноГерманецот што требаше да суди со Италија во Скопје, сега ќе биде “главен“ во Рим!