Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, повика двајца нови фудбалери во националниот тим за престојните дуели со Македонија и Украина.
Како што утрово објавија медиумите, нови имиња во тимот на „аѕурите“ се Мануел Лазари од Лацио и Кристијано Бираги од Фиорентина. Првиот ќе пристигне во базата на италијанската репрезентација во текот на денот, додека капитенот на „виолетовите“ веќе од утринава е со селекцијата и ќе биде присутен на првиот денешен тренинг.
Спалети имаше доста проблеми со списокот на повикани, откако поради повреди откажаа Калабрија, Мерет, Толои и Локатели, а неизвесен е и Андреа Камбијасо.