Жоржињо: Македонија ни даде два гола од два шута на две средби!

613

Во пресрет на натпреварот од квалификациите за ЕВРО 2024 меѓу Италија и Македонија, в петок во Рим, денеска во базата на „Аѕурите“ во Коверчано, на прес – конференција свое видување даде Жоржињо, играчот за врска и повратник во селекцијата.

Тој за дуелот со Македонија посочи:

Очекувам затворена, компактна Македонија која ќе се обидува од контранапади да го загрози нашиот гол. Јасно е дека ќе треба да бидеме организирани, да нападнеме, да постигнеме гол на време. Македонија на последните два меча од два шута ни даде два гола, тоа не смееме сега да го дозволиме“ рече покрај другото Бразилецот со италијански пасош.

ПретходноЛегендата дојде да ги однесе во Премиер-лига, но клубот падна на 18. место!
СледноСедлоски: Мојот начин на работа кој носеше титули ќе го наметнам и во Работнички!