Утре селекцијата на Израел ќе треба да го одигра заостанатиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024, и тоа со Швајцарија, меч кој ќе се игра во Унгарија поради познатите случувања на Блискиот исток.
Дека војната меѓу Хамас и Израел, беше централна тема денеска и на пресот на Израелците, говори и тоа што го направи дефанзивецот Ели Данас кој донесе една копачка па објасни за што станува збор.
“Ова е она што остана од Нев Шохам, детето кое беше киднапирано. Ова е таа една копачка. Посакуваме да се врати дома“.
Инаку ново е тоа што раководството на Фудбалскиот сојуз на Израел, одлучи и покрај војната сепак првенството да продолжи следниот месец. На мечевите ќе нема присуство на публика, ќе бидат присутни само службените лица и се разбира играчите и тренерите на двете екипи.