Она што се најавуваше со недели, од денеска и е официјално. Николо Фаџоли (22) и Јувентус се договорија да ја продолжат соработката се до 2028 година.Јуве попладнево се пофали со ова на своите социјални мрежи.
Да потсетиме дека мадиот играч за врска на Јуве беше во центарот на вниманието по избивање на скандалот со обложувањето. Тој потоа беше суспендиран на осум месеци откако им призна на властите за својата вина.
Инаку претходниот договор на Фаџоли со Јуве беше со важност до 2026 година, а тој во клубот е од својата 14 година, во 2021 дебитираше за првиот тим.