Рустемовски и Исени во четвртфинале на младинското ЕП во Будва

68

Македонските боксери Ален Рустемовски и Арјан Исени успешно ги започнаа настапите на Европското првенство за млади боксери до 22 години, кое се одржува во Будва, Црна Гора. Исени вчера во премиерниот дуел во категоријата до 80 килограми го совлада Себастијан Куш од Полска со 4-1 и закажа четвртфинале со Гркот Михаил Цамлидис кое е на програмата денеска во вечерните часови.

Претходно, Ален Рустемовски славеше против Арманд Куристо Ковач од Унгарија со 5-0. Во четвртфиналето Рустемовски ќе се судри со Ерменецот Русијан Аслијкан. Борбата е закажана за в четврток.

ПретходноКузмановски и Вецлар ја раскинаа соработката: Репрезентативецот се враќа во Македонија?
СледноДански предизвик за Алкалоид во Европската лига