Суарез изненаден од повикот кој го доби

819

Луис Суарез е најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација, а селекторот Марсело Биелса го повика за дуелите против Аргентина и Боливија.

Искусниот напаѓач претходно најави крај на играчката кариера, но тоа се уште не се случи. Тој остана верен на фудбалот и моментално го носи дресот на бразилски Гремио. Суарез неодамна постигна хет-трик во победата на Гремио над Ботафого, што е јасен показател за Биелса да го повика назад.

Предводникот на Уругвај не го повика во првите четири натпревари од квалификациите, Суарез го одигра последниот натпревар против репрезентацијата на Гана на Мундијалот.

Досега има 137 настапи за националниот тим, а многумина мислеа дека репрезентативната кариера ја заврши на Мундијалот. Сепак, тоа не се случи, а треба да се истакне дека Суарез е и најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Уругвај.

Оваа селекција во јужноамериканските квалификации е на второто место со пет бода помалку од лидерот Аргентина.

ПретходноРекорден СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ: Играч на ВЛТ освои фантастични 20 890 990 денари
СледноКалин Ивановски го предаде мечот од првото коло во Јапонија