Конечно. И ТФТ, во својот трет меч сезонава во АБА 2 лигата успеа да дојде до триумф и тоа против некогаш славната Цедевита, и тоа со 78:68.
Скопјани приот период го добија со 21:19, но затоа во вториот Цедевита врати со 18:20. Третата четвртина нашиот тим ја доби со еден поен разлика,но затоа ТФТ во последниот период одигра навистина добро и успеа да го добие со 78:68.
Ова беше натпревар во Златибор, а блескаше Симонс со 19 поени.
Апсолутно заслужен триумф на тимот на стратегот Боро Смилковски.
Пресудни беа псоледните пет-шест минути кога Ташовски, Марковски и Хотон реализираа кога беше најпотребно.
Сосема доволно за прва радост на ТФТ.