Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на челинџер турнирот во јапонскиот град Кобе. Причината за ваквиот епилог се здравствените проблеми, стомачен вирус.
Ивановски мораше да го предаде мечот против Кинезот, Јан Баи, при негатива од 1-6 и 0-4.
Македонскиот тенисер успешно во претходните два дена настапуваше во квалификациите каде постигна две победи против домашните тенисери: Риуки Мацуда и Џејмс Тротер и со тоа избори пласман на главниот турнир. За настапот на овој турнир Ивановски ќе освои 4 поени.
Следната недела Ивановски го очекува настап на Челинџер турнир во Јокохама, најверојатно повторно ќе стартува со настап во квалификациите.