И дефинитивно потегот на Баерн Минхен да го донесе Хари Кејн се покажа како одличен. Иксусниот напаѓач урива рекорди во Бундеслигата, не знае за доста кога се во прашање головите. Сосема ги оправдува тие 100 милиони евра кои “баварците“ му ги платија на Тотенхем.
Сепак дури денеска, според медиумите во Германија, конечно е познато зошто Кејн го одбрал Баерн, и зошто му кажал да на Хасан Салихимаџиќ, екс директорот на Баерн и Томас Тухел, кои при крајот на мај заминале во Лондон на разговори со Кејн.
Тој им кажал дека ќе дојде во Баерн зошто сака во мај 2024 година на “Вембли“ да игра во финалето во Лигата на Шампионите и дека со Баерн има големи шанси да го оствари тоа.