Пред нешто повеќе од еден месец, Вејн Руни стана менаџер на Бирмингем Сити. Иконата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал го презеде тимот на шестото место во Чемпионшип и во борбата за Премиер-лигата. Еден месец подоцна, Бирмингем мора да се грижи дали ќе остане во втората англиска лига.
Руни помина фантастична играчка кариера во Евертон, Манчестер Јунајтед од 2004 до 2018 година, Дерби Каунти и Ди Си Јунајтед. Тој е најдобар стрелец во историјата на Јунајтед и до неодамна беше најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација. Како тренер раководеше со Дерби и ДиСи Јунајтед.
Работата во Бирмингем му е трета како тренер. Почна со еден освоен бод во пет натпревари и сега по 16 одиграни кола неговиот тим е на 20 бода од првото место, а седум од шестото. Тоа е и последен од кој клубовите од Чемпионшип влегуваат во борба за Премиер лигата.
Има уште многу натпревари до крајот на сезоната, дури 30. Сепак, Руни не започна добро и тоа го истакнуваат англиските медиуми. Прашање е дали може да ја сврти негативната серија и да го врати Бирмингем во игра за место во Премиер лигата следната сезона.