Златниот македонски олимпиец, Шабан Трстена денеска беше наш драг гостин во хотелската база на нашата репрезентација. Великанот на македонскиот спорт со многу жар и збогатено со безброј мали анегдоти ја раскажа својата животна и спортска приказна пред фудбалерите, како мотивација за предизвиците кои им следуваат.
“Патот на олимпискиот шампион” е насловот на монографијата која што им ја подари на нашите репрезентативци и селекторот.