Мацари се враќа во Неапол и ќе му биде тренер на Елмас

287

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одлучил новиот тренер на Наполи да биде Валтер Мацари, пренесува Џанлука Ди Марцио. По разочарувачкиот старт на сезоната – осум победи, четири ремија и четири порази, посебно оној пораз од 1:0 од Емполи во неделата го натерало првиот човек на Наполи да го тргне Руди Гарсија од тренерската позиција по само четири месеци на кормилото.

За тренер на Наполи се споменуваше и Игор Тудор, но Де Лаурентис бил повеќе за Мацари и од финансиски аспект и од начинот на работа. Тој ќе ја доработи сезоната, а потоа ќе се разговара за евентуално продолжување на соработката.

Maцари е eкс-тренер на Интер, Сампдорија, Каљари, но и на Наполи од 2009 до 2013 година.

ПретходноСпалети: Постои доза на страв против Македонија
СледноМешал малтер, носел цемент, сега е репрезентативец на Хрватска