Во Црвената група на завршниот турнир во Торино, Данил Медведев го победи Андреј Рубљев, а Александар Зверев славеше над Карлос Алкараз. Шпанецот ја продолжи резултатската криза, нешто за што коментираше Медведев на прес-конференцијата.
„Тенисот е многу променлив спорт. Карлос во моментов игра малку побавно, ја нема иста доза на самодоверба што ја имаше во текот на целата година. Ова може да му се случи на секого, па дури и на Новак, знаете во деновите кога беше помлад. Прашањето е колку брзо ќе се опорави, дали ќе биде на овој турнир или следната година.
Генерално, додека го гледав натпреварот, на почетокот почувствував дека Карлос не игра најдобар тенис, ниту Саша. Воопшто не бев изненаден. Саша добро сервираше. Ќе биде интересно да се игра против него по 18-ти пат“, изјави Медведев.