МЗТ Скопје прокоцка плус 15 за втор пораз во АБА2

142

МЗТ Скопје е поразен од составот на Хелиос со резултат 83-87 на вториот АБА2 турнир што се одржа во Златибор. „Металците“ имаат за што да жалат бидејќи имаа контрола на резултатот, во третиот период имаа водство од 15 поени, а на крајот се поразени.

Пресуден момент беше петтата лична грешка на Танасковиќ во 35. Минута, по која МЗТ комплетно се промени, го загуби ритамот, лесно примаше кошеви, а противникот направи oдлична серија по која стигна до пресврт. На крај гостите од Словенија славеа победа.

Војдан Стојановски одигра одличен меч со 19 постигнати поени, Танасковиќ имаше 18 поени и осум скокови, додека Ворку имаше 15 поени, осум скокови и пет загубени топки.

МЗТ Скопје следниот меч од турнирот во Златибор ќе го игра в четврток во 15 часот против екипата на Сутјеска, која има две победи и еден порази во првите три средби сезонава во АБА2 лигата.

 

ПретходноСедлоски: Мојот начин на работа кој носеше титули ќе го наметнам и во Работнички!
СледноАнгеловски и Радивојевиќ пред гостувањето во Сегед: Со добра игра да дојдеме до позитивен резултат!