НБА ѕвездата ги воодушеви фановите со својата акробација (ВИДЕО)

578

Милвоки дојде до шестата победа оваа сезона, откако го совлада Чикаго со 118-109. Прво име во редовите на Бакси беше Јанис Адетокумбо, кој имаше дабл-дбал од 35 поени и 11 скока, Портис беше втор стрелец со 19 поени и 10 скока, додека во составот се врати Лилард кој запиша 12 поени.

На другата страна Вучевиќ имаше своја вечер, постигна 26 поени со 12 скока, но тоа не беше доволно за радост. Кај „биковите“ премногу се мачеше Демар Дерозан, кој постигна 11 поени со 3/14 од игра. Единствена подобра работа која направи синоќа е неверојатната асистенција која кружи на социјалните мрежи.

НБА лига, резултати:
Бостон – Њујорк 114:98
Торонто – Вашингтон 111:107
Милвоки – Чикаго 118:109
Сакраменто – Кливленд 132:120

ПретходноПерез го сака само него: Се знае кој е наследникот на Анчелоти!
СледноРекорден СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ: Играч на ВЛТ освои фантастични 20 890 990 денари