Данските фудбалски репрезентаривци и фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд и Кристијан Ериксен се здобиле со повреди на првенствениот натпревар против Лутон, соопшти англискиот клуб.
Хојлунд го истегна мускулот на десната бутина и се очекува да паузира до крајот на месецот. Ериксен заработи повреда на левото рамо и првата проценка е дека ќе се врати на терените за еден месец.
Двајцата играчи се повлекоа и нема да настапат за националниот тим во квалификациите за ЕП против Словенија и Северна Ирска.
Освен Ериксен и Хојлунд кои не се тешко повредени, уште неколку недели надвор од терените сигурно ќе бидат Касемиро, Тајлер Маласија, Лук Шо, а до 2024 година Лисандро Мартинез.
Следниот натпревар Јунајтед го игра на 26 ноември против Евертон, а кој ќе успее да се опорави дотогаш останува да видиме.