Гоце Седлоски официјално е новиот тренер на Работнички. Тоа го најави „СпортСпорт“ пред неколку денови и сега доби потврда од клубот од „Градски парк“. Со тоа е решен проблемот кај „романтичарите“ кои речиси две недели бараа звучно и докажано тренерско име, кое се вклопува во нивните амбиции од следната сезона.
Па така на местото на Милан Илиевски доаѓа искусниот Седлоски кој освојуваше титули со Вардар и Шкупи.